ПОВЕЌЕ

    Раст на прометот и пазарната капитализација на берзата оваа недела

    Време зa читање: < 1 минутa

    Вкупниот промет на Македонска берза, во период од 27-ми до 30-ти април, достигна вредност од 3.293.697 евра или 27,17% повеќе во однос на претходната недела, покажува Неделниот преглед.

    Пад од 1,03% има кај вкупниот број на трансакции (579), додека пазарната капитализација порасна за 4,49% и се позиционираше на 3.223.124.955 евра. Пазарната капитализација на последниот трговски ден беше 1.807.008.425 евра или 23,20% повеќе во однос на истиот период минатиот месец.

    Индексот МБИ 10 на 30-ти април достигна 4.463,98 поени или 9,20% повеќе во споредба со претходната недела.

    Пет најтргувани акции во текот на неделата беа оние на: Алкалоид, Комерцијална Банка, Макпетрол, Гранит и Македонијатурист.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично