Според Евростат, БДП во еврозоната пораснал за 12,7 проценти во третиот квартал. Тоа е значително повеќе од предвидените 9,4 проценти по објавувањето на податоците за Франција, Шпанија, Германија и Италија, кои исто така покажуваат поголем раст од очекуваниот.
Ова е најголем пораст во историјата на монетарната унија од најтешката рецесија поради наметнување на рестриктивни мерки против ширењето на коронавирусот.
Економијата во еврозоната се намали за 11,8 проценти во периодот од април до јуни и за 3,7 проценти во првиот квартал, од јануари до март кога пандемијата ја погоди Европа, пренесува Индикатор.
Во исто време, Европската унија забележа раст од 12,1 процент во третиот квартал, откако падна за 11,4 проценти претходно оваа година.
Новите мерки за заклучување воведени од некои земји од еврозоната и земјите од ЕУ сугерираат дека економскиот раст може повторно да забави.