ПОВЕЌЕ

    Рамстор на продажба – го купува еден од најголемите бизнисмени во Македонија

    Време зa читање: 2 минути

    Трговскиот центар „Рамстор“ и истоимениот ланец маркети се ставени на продажба. Ќе ги купи фирмата „Сити Плаза“ сопственост на Ајдован Адемовски. Досегашните сопственици „Мигрос Тиџарет” денеска соопштија дека потпишан e преддговор со компанијата „Сити Плаза ДОО” и во тек се преговорите во врска со потпишувањето на договорот за пренос на акциите.

    „Почнати се преговори за продажба на 100 отсто од акциите на подружницата „Рамсторе Бугарија ЕАД”, која поседува 99 отсто од акциите на „Рамстор Македонија” на компанијата „Сити Плаза ДОО Скопје”, стои во соопштението на „Мигрос Тиџарет”.

    Фирмата „Сити Плаза ДОО” е сопственик на трговскиот центар „Капитол мол” во Скопје, на хотелите „Double Tree by Hilton” во Скопје и на Stone Bridge во Скопје. Ајдован Адемовски е претседател на Македонско-турска стопанска комора во Македонија (МАТТО) и почесен конзул на Турција.

    Во минатoто Пари објави: Маркетите на РАМСТОРЕ, кои во земјава е распространет во најголемите градови, во 2019 година направиле добивка од околу два милиони евра, што е мало намалување во однос на претходната година.

    Истата година, бројот на вработени е зголемен за 21, односно тука работеле 729 луѓе а направиле приходи од 61,9 милиони евра. Ланските приходи во однос на приходите од претходната година бележат зголемување за нешто повеќе од еден милион евра, и со тоа ги позиционираше Рамстор Маркети на петото место на листата ТОП МАРКЕТИ во Македонија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично