ПОВЕЌЕ

    РАКЕТАТА „STARSHIP 36“ НА ИЛОН МАСК ЕКСЛОДИРА ВО ЏИНОВСКА ПЛАМЕН ТОПКА во Тексас – ги шокираше жителите на округот Камерон

    Време зa читање: 2 минути

    Прототипот на ракетата „Starship 36“ на SpaceX доживеа драматична експлозија за време на статички тест за палење на тест-полигонот „Starbase“, при што беа видливи големи пламени јазици и густ чад што се издигнуваше кон ноќното небо.

    Настанот се случил околу 23:00 часот по локално време, кога, според видеоснимките, се чини дека предниот дел од ракетата одеднаш се отворил, веднаш пред да избие огромна огнена топка што се рашири по земјата. Темни облаци чад ја покрија околината, предизвикувајќи вознемиреност кај локалното население.

    Статичкиот тест за палење е стандардна процедура пред лансирање, при која моторите на ракетата се активираат додека таа е цврсто прицврстена на лансирната платформа. Во овој случај, „Starship 36“ не беше подготвен за лет – што значи дека експлозијата се случила додека ракетата сè уште била на земја, во подготвителна фаза.

    Во официјално соопштение, SpaceX потврди дека се случила „значителна аномалија“ за време на тестирањето. Компанијата истакна дека безбедносната зона околу полигонот била одржувана во текот на целата операција и дека целиот персонал е безбеден и евидентиран.

    „Нашиот тим од „Starbase“ активно работи на обезбедување на местото за тестирање и околината, во соработка со локалните власти“, наведуваат од SpaceX. Дополнително, компанијата апелираше до јавноста да не се приближува до областа додека траат безбедносните операции, уверувајќи дека не постои опасност за жителите од околните заедници.

    Сведоци од округот Камерон изјавиле дека слушнале силен тресок што ги стресол нивните домови, прозорците и дури и садовите. Канцеларијата на шерифот потврди дека станува збор за експлозија настаната при тестирање на ракетата.

    „Прво слушнавме гласен удар, а потоа почувствувавме како ни се тресат прозорците – мислевме дека се работи за земјотрес“, изјави локален жител за „Valley Central“.

    И покрај серијата инциденти и неуспеси, SpaceX продолжува со интензивни тестирања на „Старшип“ – најголемиот и најмоќен ракетен систем развиен досега. Компанијата останува посветена на својот пристап „учи преку неуспеси“, со крајна цел – мисии до Месечината, Марс и подалеку.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично