ПОВЕЌЕ

    „Рајанер“ ја заврши летната половина од годината со загуба

    Време зa читање: < 1 минутa

    Ирската авиокомпанија „Рајанер“ објави во понеделникот дека клучната летна половина од годината заврши со загуба, првпат по неколку децении, предупредувајќи дека поради коронската криза најверојатно ќе биде принуден да го намали капацитетот и следното лето.

    Најголемиот европски нискобуџетен авиопревозник обично го остварува најголемиот дел од својот годишен профит во периодот од шест месеци до крајот на септември, а оваа година превезуваше 80 проценти помалку патници отколку во истиот период минатата година, поради пандемијата.

    Резултатот е загуба од 197 милиони евра, во споредба со профитот од 1,15 милијарди евра во првата половина на минатата деловна година.

    Извршниот директор Мајкл О’Лири веќе ја „отпиша“ претстојната зима и компанијата во извештајот објавен денес, и не објави проценка на резултатите за тековната деловна година што завршува во март.

    Тие само посочија дека очекуваат поголема загуба во периодот од октомври до март отколку во првата половина од годината.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично