ПОВЕЌЕ

    „Раде Кончар – Апаратна техника“: Шести август последен ден за тргување со право на дивиденда за 2023

    Време зa читање: < 1 минутa

    Aкционерите на „Раде Кончар – Апаратна техника“ ќе поделат дивиденда од 25.778.750 денари, што е противвредност на над 418 илјади евра. Дивидендата ќе се пресметува врз основа на утврдените 125 денари бруто за една акција.

    Овие пари ќе им следуваат на акционерите чии имиња ќе бидат во акционерската книга на осми август, кој е предвиден како датум на пресек.

    Според дивидендниот календар потврден на акционерското Собрание што се одржа денес, последен ден на тргување со право на дивиденда е шести август.

    Износот што е предвиден за распределба меѓу акционерите е обезбеден од минатогодишната нето-добивка од 30.323.598 денари (492,6 илјади евра).

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично