ПОВЕЌЕ

    „Раде Кончар – Апаратна Техника“ доби нов Одбор на директори

    Време зa читање: < 1 минутa

    Со „Раде Кончар – Апаратна Техника“ во наредната година ќе раководи Одбор на директори во нов состав. Изборот е потврден на последното одржано акционерско Собрание.

    Во новиот состав се избрани Корина Џалева Киријас, Горѓи Доновски, Горан Марковски, Татјана Лазаревски и Мартин Кочмановски како независен член.

    На овие позиции, до истекот на мандатот, претходно беа Јана Каневче Стојкова, Марко Андонов, Горан Јанчиќ, Корина Џалева Киријас и Горан Коевски.

    Членовите на Одборот на директори на „Раде Кончар – Апаратна Техника“ се именуваат со мандат во времетраење од една година. Исто така, реизбор на членовите е можен без оглед на тоа за колку мандати претходно биле бирани.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично