Порше одлично ги награди вработените и во пандемиската година. Луксузната марка автомобили оствари рекордни приходи, додека бројот на продадени возила и профитот благо се намалија.
Порше завршува одлична година со оглед на ситуацијата, бидејќи корона вирусот едвај ја допре. Затоа годинашната награда за работници е скоро осум илјади евра.
Покрај тешката состојба на автомобилскиот пазар, особено поради недостаток на чипови, оваа година може да и донесе на Порше првична јавна понуда на акции.
Извршниот директор на Порше, Оливер Блуме, најави дека ќе биде отворен за разгледување на првичната јавна понуда на германскиот производител на спортски автомобили доколку нивниот сопственик Фолксваген реши да го стори тоа.
„Мислам дека Порше може да биде интересен дел за размислување за ИПО“, рече Блуме за време на брифингот со американските новинари, предупредувајќи дека нема да ја донесе конечната одлука.
„Одлуката е на Фолксваген и тие сеуште не донесле одлука.”
Порше беше светло место за Фолксваген за време на пандемијата. Пратките минатата година паднаа за само 3%, благодарение на силната побарувачка во Кина, нејзиниот најголем пазар. Ова му помогна на производителот од Штутгарт да одржи двоцифрена маргина на профит кога многу производители на автомобили претрпеа драматичен пад.