ПОВЕЌЕ

    Работната сила во индустријата со годишен раст од 2,6 проценти

    Време зa читање: < 1 минутa

    Бројот на работниците во индустријата за една година е зголемен за 2,6 проценти. Според Државниот завод за статистика, во јануари споредено со истиот месец од 2023, индексот изнесува 102.6.

    Зголемување е забележано кај работната сила во секторот рударство и вадење на камен – за 6 проценти, во преработувачка индустрија за 2,4, а во снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има раст од 0,8 насто.

    Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата има едногодишен раст кај енергија за 4,5 проценти, капитални производи за 17,5  и трајни производи за широка потрошувачка за 1,6 насто. Намалување е евидентирано кај интермедијарни производи, освен енергија за 6,9 и кај нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,7 отсто.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично