ПОВЕЌЕ

    Прво РКЕ ќе ги каже цените за пренос и дистрибуција на струја, па ЕВН Хоум за домаќинствата

    Време зa читање: 2 минути

    Цените за пренос и дистрибуција на електричната енергија ќе бидат соопштени најдоцна на почетокот од декември, но најверојатно нема да има промени. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, не очекува било какви поместувања во овој дел.

    „МЕПСО побара минимално зголемување од 0,67 проценти за пренос на електрична енергија, операторот на пазарот не побара зголемување, а Електродистрибуција нема наведено во своето барање, имајќи предвид дека во текот на овој месец ќе има тендер за набавка на загубите на електрична енергија коишто имаат исклучително големо влијание врз цената на електричната енергија, така што кон крајот на овој месец или почетокот на следниот ќе ги знаеме цените што ги определува РКЕ. А тоа се пренос и дистрибуија на електричната енергија и тука не верувам дека ќе има било какви поместувања. По завршување на тендерот за универзалниот снабдувач согласно новиот Закон за енергетика, ЕВН Хоум ќе ја соопшти новата цена за домаќинствата и за малите потрошувачи“, изјави Бислимоски, кој присуствуваше на третата конференција на МАРЕС, посветена на структурирање на иднината на обновливата енергија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично