ПОВЕЌЕ

    Прво да се исплати главнитата, а потоа ќе се отпишат каматите

    Време зa читање: 3 минути

    Доколку ги исполнуваат условите, јавните претпријатија ќе ги канат граѓаните во своите канцеларии за отпис на каматите, под строго запазени протокои кои треба да бидат испочитувани. Процесот ќе трае 5 месеци, а ќе се отпишуваат каматите за долгови за комунални услуги направени до ноември 2020 година.

    Сепак постои услов, а тој е граѓаните да склучат договор со претпријатието и да ја платат главнината во рок од 12 месеци. Во спротивно, се враќаат затезните камати.

    Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи тврди дека простор за манипулации нема.

    „Даваме можност на секој граѓанин да добие отпис на камати, ако претходно направи репрограмирање за отплата на основниот долг на 12 месеци. Механизмот ќе биде дека сметководствено ќе му бидат отпишани каматите, но ако после првиот месец не продолжи со исполнување на договорните услови, затезните камати ќе почнат да течат како што течеле претходно.“ – изјави Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања.

    Комората на извршители има забелешки за начинот на кој власта планира да ја спроведе мерката за бришење на долгови. Велат дека ако секој должник треба самиот да поднесува барање, тоа ќе биде тешко остварливо за јавните претпријатија. Сите тие предмети за долгови се веќе кај нив и целата постапка нема да може да се оствари без извршител.

    „Најдобро решение е самото простување на каматите да биде преточено во закон. Не индивидуално сите граѓани да одат и да пондесуваат барање кај јавните претпријатија. Единствено добро што излезе од стариот Закон е тој начин на предвидување на опростувања на камати. Извршителите ќе бидат вклучени зашто сите тие предмети се кај нив. Сите тие предмети, комунални, чии камати ќе бидат избришани се кај извршителите. Извршителите ќе бидат тие коишто во пракса ќе треба да го спроведат сето тоа што ќе се предвиди со закон.“ – изјави Премтим Ќерими, Комора на извршители.

    Економистите веќе предупредуваат дека со бришењето на долговите Владата треба да биде многу внимателна, зашто може се стимулира неплаќањето на сметки во иднина.

    Проекциите се дека јавните претпријатија ќе избришат речиси 30 милиони евра долг на граѓаните, што е многу мал процент, ако се земе предвид дека само на едно претпријатие -скопски „Водовод и канализација“ граѓаните му должат 66 милиони евра. Од нив 28 милиони се камати за неплатените сметки.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично