Тесла се подготвува да го создаде својот прв сервисен центар на Балканот во Атина, кој ќе ги задоволи сите потреби на моментални клиенти, откако компанијата започна со продажба на своите модели во Грција.
Империјата на Илон Маск има свои продажни центри и галерии во 35 земји во светот, вклучувајќи ја и Хрватска (првата продавница отворена на 13 ноември). Засега има центри за услуги во ист број земји.
Според порталот themanews.com, првиот сервисен центар на Балканот треба да биде отворен веќе во јануари 2021 година, а сегашните сопственици на моделите на Тесла во Грција можат дотогаш да ги одржуваат своите возила кај одреден тип на компании. Сепак, наскоро сето тоа треба да биде многу поорганизирано.
Присуството на сервисниот центар на Тесла во Атина не е важно само за Грција, туку и за целиот Балкан, бидејќи во овој момент нема друг во регионот. Најблиску е во Прага или Виена, додека се подготвува еден и во Словенија.