Морган Стенли е првата голема американска банка која на своите клиенти, нуди пристап до фондови на биткоин, дознава CNBC.
Инвестициската банка, што управува со имотот на клиентите вреден четири милијарди долари, во средата во интерниот меморандум им соопшти на своите финансиски советници дека ќе иницира пристап до три фондови што овозможуваат сопственост на биткоини.
Овој потег, е значаен чекор во прифаќањето на биткоинот како класа на средства, и го презеде Морган Стенли откако клиентите побараа изложеност на криптовалутата, велат луѓето кои не сакаат да бидат именувани.
Порастот на биткоинот во текот на изминатата година изврши притисок врз фирмите на Волстрит да размислат да се приклучат на нова класа на средства.
Засега, банката ќе им дозволи пристап на своите побогати клиенти до ова непостојано средство. Банката смета дека е соодветна за луѓе со „агресивна толеранција на ризик“ кои поседуваат најмалку 2 милиони американски долари средства.
На инвестициските фирми им требаат најмалку пет милиони американски долари за да се квалификуваат за нови влогови. Во двата случаи, сметките мора да бидат стари најмалку шест месеци.
Дури и за акредитираните инвеститори во САД со брокерски сметки и доволно средства за да се квалификуваат, Морган Стенли ги ограничува инвестициите во биткоин на 2,5 проценти од нивната вкупна нето вредност.