ПОВЕЌЕ

    Првата дигитална мапа на 250 винарии достапна онлајн

    Време зa читање: 2 минути

    Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство заклучно со 30 јуни во својот вински регистар евидентира 250 винарии од кои 167 се семејни, а останатите се комерцијални, односно фирми.

    Во рамките на активностите за потребата и подготовката на првата македонска винска енциклопедија и географска карта, извршено е геолоцирање и дигитално мапирање, со цел да им се овозможи на странските гости и на винските ентузијасти брзо и едноставно пронаоѓање и лоцирање за нивно понатамошно истражување, соопштуваат од Винопедија.

    Онлајн верзија на картата овозможува посебно да се прикажат малите семејни од останатите комерцијални винарии. Во подготовка се англиски печатени верзии на вински карти, кои ќе бидат издадени наредниот период. Тие ќе им користат на транзитните патници и на туристите кои ќе престојуваат во Македонија како информатори за рутите и за понудата од винариите. Според наведеното во соопштението, квалитетот и сигурноста на објавените информации е обезбедена со поддршка и соработка со УКИМ, односно Факултетот за земјоделски науки и храна – 75 Години ФЗНХ, Катедра за лозарство и винарство и Институтот за овоштарство, лозарство и винарство со професорите д-р проф. Михаил Петков и доц. Златко Прцуловски.

    Во соработка со НУК – Независната угостителска комора мапирани се и значајни туристички и историски дестинации, вински продавници и музеи, како и угостителски објекти – хотели и ресторани кои нудат специјализирани дегустации во комбинација со македонски врвни гастрономски специјалитети за љубителите и истражувачите ваквите  дестинации.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично