ПОВЕЌЕ

    „Прва Живот“ вработува советници за маркетинг и продажба на животно осигурување

    Време зa читање: 2 минути

    Осигурителната компанија „Прва Живот“ го проширува својот успешен тим – вработува советници за маркетинг и продажба на животно осигурување. На заинтересираните им дава можност да станат дел од нова, но одговорна и динамична компанија, која се стреми на работените да им обезбеди висококвалитетна работна средина со посебен акцент на поттикнување на креативноста.

    Работните задачи се следни:

    советување за физички лица од областа на долгорочно финансиско штедење;

    консултантски услуги и подготовка на осигурителни понуди од областа на животното осигурување;

    вршење административни работи за постојните клиенти;

    вршење други маркетиншки активности на компанијата, кои се однесуваат на општествена одговорност и подобрување на животната средина.

    Избор на компанијата се позитивно насочени и ангажирани поединци, на кои им се нудат стимулативни услови за работа:

    постојана менторска поддршка и збогатување на знаењето преку редовно образование и обука;

    работен ден прилагоден на сопствениот животен ритам, што овозможува одлична рамнотежа помеѓу страста за работа и слободното време;

    износот на личниот доход зависи од сопствените перформанси, бидејќи се состои од фиксна плата и бонус;

    се обезбедуват сите потребни алатки за работа, како персонален компјутер и мобилен телефон;

    една година по вработувањето на личниот доход се додава уплата на доброволното дополнително пензиско осигурување, приватно здравствено осигурување, основно осигурување од незгода и други бенефиции од услугите на компанијата.

    Од кандидатите се очекува:

    • добри комуникациски вештини;
    • висока мотивација, флексибилност и позитивен однос кон работата;
    • желба за работа на терен и работа со луѓе;
    • најмалку средно образование;
    • познавање на работа со компјутер.

    Апликацијата со CV и убедливо мотивациско писмо, треба да се испрати на електронската адреса [email protected], најдоцна до 10.07.2024 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично