Друштвото за осигурување Прва Живот ќе издаде втора емисија со 500 обични акции. Продажната цена е илјада евра за акциј и е еднаква со номиналната. Одобрение е дадено од Комисијата за хартии од вредност.
Станува збор за емисија по пат на приватна понуда. Акциите се наменети за познат купувач – Скупина Прва, Заваровалнишки холдинг д.д Љубљана, кој е институционален инвеститор, односно единствен акционер со 100-процентно учество во акционерскиот капитал.
На овој начин ќе се изврши зголемување на основната главнина, со цел зајакнување на капиталот на Друштвото и усогласување со одредбите од Законот за супервизија на осигурување. Инаку, основачкиот капитал на Прва Живот е четири милиони евра.