ПОВЕЌЕ

    ПРВПАТ ВО МАКЕДОНИЈА ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ИЗВЕДЕНА КОМПЛЕКСНА ЕНДОВАСКУЛАРНА ПРОЦЕДУРА НА ТОРАКАЛНАТА АОРТА – ТЕВАР СО Т.Н. IN SITU ФЕНЕСТРАЦИЈА

    Време зa читање: 3 минути

    Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ првпат во Македонија беше изведена комплексна ендоваскуларна процедура на торакалната аорта – ТЕВАР со т.н. in situ фенестрација за левата потклучна артерија кај пациент со постдисекциска аневризма на десцендентната торакална аорта.

    Заболувањата на аортата заедно со другите кардиоваскуларни болести се едни од најчестите заболувања на модерното живеење. Ендоваскуларниот третман на аортата подолго време е златен стандард во лекувањето на одредени аортни состојби во светот, а веќе се применува и кај нас. Д-р Никола Лазовски, специјалист по васкуларна хирургија, вели дека иако стандардните ендоваскуларни процедури од поодамна се секојдневје во нашата практика, комплексните процедури се поретки, потешки за изведување, но ефектот од нив е значајно поголем како за пациентите така и за целокупниот здравствен и социјален систем.

    „Станува збор за интервенција при која се постави стент на делот од аортата кој беше заболен, при што интенционо со стентот се покри излезот во аортата за левата потклучна артерија за да се обезбеди стабилност на стентот во здрава аорта. Потоа преку артеријата на левата рака со посебна направа се направи отвор на стентот на ниво на аорта низ кој се постави нов стент кој обезбедува проток низ артеријата за левата рака. Со ова пациентот избегнува дополнителна операција на крвните садови на вратот (бајпас), избегнува двојна анестезија за краток временски интервал, крвозагуба, а и значајно се скратува рехабилитацијата. Интервенцијата помина во најдобар ред, а пациентот одлично ја поднесе и по два дена ја напушти болницата на домашно лекување“, објаснува д-р Лазовски.

    Комплексноста на ваквата интервенција бара вклученост на цел тим стручни лекари и среден медицински персонал, кој е посебно обучен за ендоваскуларни и хибридни процедури. Оваа интервенција ја изведе дел од тимот за кардиоваскуларни доктори од КБ „Аџибадем Систина“ предводен од д-р Никола Лазовски (васкуларен хирург) и доц. д-р Александар Ѓорески (интервентен радиолог), а во тимот за оваа комплексна процедура беа и: доц. д-р Менка Лазареска (интервентен радиолог), д-р Димитар Јосифовски (специјализант по кардиохирургија), д-р Лихнида Матевска, (кардиоанестезиолог), с. Ирена Апостолов (кардиоанестетичар), с. Зорица Урдаревиќ (сестра во ангио-сала) и Дарко Марковиќ (радиолошки технолог).

    Во иднина, д-р Лазовски вели дека овие комплексни аортни интервенции ќе се воведат како редовни процедури во КБ „Аџибадем Систина“, имајќи ги предвид животот и здравјето на пациентот како императив. Според него, придобивката за пациентите од овој вид третман е значајно поголема во однос на класичните операции, многу полесно ги поднесуваат и за кратко време се враќаат во полна работна способност.

    ПР Објава

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично