ПОВЕЌЕ

    ПРОСЕКОТ НА ПЛАТАТА ВО СЕПТЕМВРИ ЗГОЛЕМЕН за 1.486 денари

    Време зa читање: < 1 минутa

    Просечната плата во септември е 37.876 денари. Во однос на август е зголемена за 1.486 денари и го достигнува прагот од 615 евра.

    Индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември 2023, во однос на септември 2022 година, изнесува 116.4, соопшт Државниот завод за статистика.

    Зголемувањето се образложува со растот на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (25.8 %), јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (24.8 %), снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (20.5 %).

    Исто така, нагорни движења се забележани и во секторите снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (11.8 %), образование (10.9 %), јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (9.1 %).

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично