ПОВЕЌЕ

    Просечната плата зголемена за 167 денари, во мај – 41.252 денари

    Време зa читање: 2 минути

    Просечната плата за една година е зголемена за 13,1 насто и во мај достигнува ниво од 41.252 денари. Или, за 167 денари е над просекот од април. Бруто износот е 62.032 денари, а растот е од 13,5 проценти.

    Според Државниот завод за статистика, ова движење произлегува од зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите образование за 19,6 проценти, уметност, забава и рекреација за 19 и во јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување за 16,3 насто.

    Во однос, пак, на април, просечната исплатена нето-плата е повисока за 5,7 проценти во секторот рударство и вадење на камен, за 4,4 проценти во објекти за сместување и сервисни дејности со храна, како и за 4,3 проценти во снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.

    Иако има одредено движење, најнизок е просекот во објекти за сместување и сервисни дејности со храна – 31.030 денари. Вообичаено, највисоката просечна плата од 77.089 денари е исплатена во секторот информации и комуникации, каде што е големо влијанието на програмерските примања, кои во мај се со просек од 95.660.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично