ПОВЕЌЕ

    Просечната плата во август пораснала за 104 денари

    Време зa читање: < 1 минутa

    Просечната плата исплатена во август е 36.390 денари или 591 евро, додека бруто-износот е 54.595 денари, односно 887 евра. Споредено со јулските 36.286 денари, просечното нето-примање во државата е зголемено за 104 денари.

    Според податоците од Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август, а во однос на истиот месец лани, изнесува 114.2.

    Во објаснувањето се вели дека зголемување се должи, пред сѐ, на растот на просечната нето-плата во секторите административни и помошни услужни дејности (21,6%), образование (17,5%) и градежништво (16,5%).

    Од аспект на јули, раст е забележан кај пресечните примања во рударство и вадење на камен (3,8%), административни и помошни услужни дејности (3,3%) и објекти за сместување и сервисни дејности со храна (2,3%).

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично