ПОВЕЌЕ

    Просечна плата намалена за дури 30,7 процент во еден од најпрофитабилните сектори

    Време зa читање: 2 минути

    Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај 2021 година изнесува 28 721 денари. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај 2021 година, во однос на мај 2020 година, изнесува 108.8.

    Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (29.0 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (28.7 %) и Други услужни дејности (14.4 %).

    Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (7.0 %), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (5.5 %) и Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (5.3 %).

    Сепак, ако подетално се анализираат податоците може да се забележи дека најголем пораст на платите за една година односно мај лани во однос мај 2021 година има кај:

    • коцкање и обложување 35,4%
    • објекти за сместување 33,8%
    • производство на моторни возила 33.6% 

    Од друга страна за одбележување е падот на просечната плата кај еден од најпрофитабилните сектори телекомуникацискиот.

    Статистиката во овој сектор мај лани во однос на мај 2021 забележал пад кај просечната плата од дури 30,7 проценти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично