ПОВЕЌЕ

    Просечната камата за кредитите е 4,8 %, за депозитите 2,18 % – Ноемвриски пад на стапките

    Време зa читање: 2 минути

    Се зголемуваат на годишно ниво каматите на депозитите, се намалуваат за кредититте. Годишниот раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити е 0,06 процентни поени и во ноември достигнува 2,18 насто. Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,56 процентни поени и изнесува 4,80 насто..
    Во текот на ноември и двете стапки имаат исти негативни промени. И посечната каматна стапка на вкупните кредити и таа на вкупните депозити се проследена со месечен пад од по 0,02 процентни поени.

    Кај ново новоодобрените кредити просечната стапка е 4,54 насто. На месечна основа е зголемена за 0,05 п.п., при годишно намалување од 0,28 п.п. Просечната каматна стапка на новопримените депозити бележи пад на месечна и на годишна основа од 0,07 п.п. и 0,53 п.п., соодветно и изнесува 2,27 насто.

    Народна банка ги објави ноемвриските податоци за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично