Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во декември 2021 година, во однос на декември 2020 година, изнесува 105.9.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (12.9 %), Градежништво (12.5 %) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (11.8 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (9.9 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (9.4 %) и
Рударство и вадење на камен (7.4 %).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во декември 2021 година, изнесува 44 711 денари.