ПОВЕЌЕ

    Просечна плата пораснала за речиси 100 проценти за една година, очекувано за секторот од кој доаѓа

    Време зa читање: < 1 минутa

    Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни 2021 година, во однос на јуни 2020 година, изнесува 107.0. Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2021 година, изнесува 28 744 денари.

    Сепак кој добил најголемо покачување на платата за една година, односно во јуни годинава споредено со јуни 2020 година? Еве ги топ три среќниците:

    • Воздухопловен транспорт – раст 97,6%, плата 64.764 денари
    • Филмска дејност и продукција- раст 65,7%, плата 31.700 денари
    • Производство на опрема за транспорт-раст 35.6 %, плата 47.625 денари 
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично