Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април 2020 година, во однос на април 2019 година, изнесува 104.2.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (12.0 %), Други услужни дејности (6.9 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (6.4 %).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (9.0 %), Стручни, научни и технички дејности (6.9 %) и Транспорт и складирање (6.6 %).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2020 година, изнесува 25 830 денари.