ПРОМОТИВНО до 31.05.2020, Капитал Банка овозможува штедење по екстра поволни услови со убедливо најатрактивни каматни стапки за депозити во МКД, ЕУР и УСД валути!
Дозволете си да имате за се!
Доколку се одлучивте да штедите тогаш сте ја донеле вистинската одлука за планирање на Вашата иднина. Мудар чекор за реализирање на Вашите планови за патување, купување на автомобил, школување на Вашите деца и многу други потреби, а притоа и да заработите одлична камата.
Капитал Банка Ви овозможува да штедите сигурно и безбедно и по исклучително поволни услови:
- Одлични каматни стапки,
- Штедење во најразлични валути,
- Рокови согласно Вашите потреби,
- Исплата на камата месечно или по истекот на периодот на орочување,
- Без ограничување за минимален износ на орочување.
Стандардни денарски и девизни штедни влогови
Како депоненти може да се јават сите физички лица резиденти и нерезиденти. Доволно е да ја посетите најблиската експозитура или шалтер на Капитал Банка и со документ за идентификација да се информирате за сите Ваши бенифиции од орочување на средства во Капитал Банка.
Штедните влогови во Капитал Банка АД Скопје се осигурени!
Фондот ги обештетува осигурените депозити, но не повеќе од денарска противвредност на 30.000 евра по депозит во една банка, филијала на странска банка или штедилница пресметани по среден курс на Народна банка на Република Македонија на денот на решението.
Обештетувањето на денарските и девизните депозити се врши исклучиво во денари.
За сите дополнителни информации обратете се во најблиската експозитура на Капитал Банка АД Скопје или на тел: 02 3102 500 ; 02 3102 585 или e-mail: [email protected].