Надзорниот одбор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје го избра Иван Стојановиќ за член на Управниот одбор на Друштвото, а Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС го одобри изборот и тој ќе ја извршува функцијата почнувајќи од 08.07.2023 година со мандат од четири години.
Иван Стојановиќ e дипломиран економист со повеќе од десет години менаџерско искуство на различни раководни позиции, во областа на банкарството и финансиите, со фокус на корпоративното банкарство и управувањето со кредитен ризик. На местото член на Управниот одбор во КБ Прво пензиско друштво доаѓа од позицијата директор на Дирекцијата за управување со кредитен ризик – Шпаркасе банка АД Скопје.
Покрај Иван Стојановиќ, како член на Управниот одбор на Друштвото, позицијата претседател и член на Управниот одбор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје останува доверена на Весна Стојановска, која е на челната позиција од 2016 година.
КБ Прво пензиско друштво АД Скопје произлезе од реформите во пензискиот систем во Република Северна Македонија и негова основна дејност е управување со пензиските фондови. Оваа година прослави 18 години постоење и во моментов во него работат околу 40 вработени.
Супервизор на капиталното финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС). www.mapas.mk Тел.: 02/ 32 24 229
Комерцијален текст