ПОВЕЌЕ

    Промена во „Тиквеш“: Крстевски и Јаневска заминуваат од Управниот одбор

    Време зa читање: < 1 минутa

    Љупчо Крстевски и Драгана Јаневска не се повеќе дел од составот на Управниот одбор на Винарската визба „Тиквеш“. Одлуката е донесена од страна на Надзорниот одбор.

    За измените во овој орган на управување од компанијата информираат преку Македонска берза.

    „По Одлука од седница на Надзорен одбор отповикани се двајца членови на Управниот одбор на Акционерско друштво за производство и промет на вино ВИНАРСКА ВИЗБА-ТИКВЕШ експорт –импорт АД-Кавадарци и тоа Љупчо Крстевски и Драгана Јаневска“, пишува во објавата.

    Љупчо Крстевски, кој е дипломиран машински инженер, во органите на управување на „Тиквеш” е од 2003 година. Драгана Јаневска е ќерка на претседателот на УО, Сетозар Јаневски, кој ја создаде оваа успешна компанија. За член во Управниот одбор беше именувана на почетокот од април.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично