ПОВЕЌЕ

    ПроКредит ја лансираше ProConnect – единствената дигитална бизнис платформа за вмрежување во Југоисточна и Источна Европа

    Време зa читање: 2 минути

    ПроКредит Групацијата со возбуда ја претставува ProConnect – едноставна и интуитивна дигитална платформа за вмрежување, дизајнирана исклучиво за бизнис клиенти на ПроКредит Банките на ниво на целата Групација.

    Оваа платформа ќе им помогне на бизнис клиентите да пристапат до нови пазари, да се поврзат со доверливи партнери низ 12 земји и да го развијат својот бизнис, како локално, така и надвор од границите на државата.

    Платформата нуди многу можности: прво и најважно вмрежување со потенцијални добавувачи и купувачи, но истовремено и ефикасност – клиентите ќе уживаат во побрзи трансфери и пониски трошоци за меѓународни плаќања во рамките на мрежата на ПроКредит Групацијата преку уникатната ProPay услуга.

    ProConnect им помага на бизнисите да растат надвор од границите. Им дава видливост и покажува дека ПроКредит е повеќе од групација банки: тие се  доверлив партнер за долгорочен успех. На овој начин, клиентите имаат можност да истражуваат сосема нови пазари или да ги зајакнат постојните. Сето ова е поддржано со ексклузивен пристап до содржини како што се деловни вести или пазарни трендови.

    Ериола Биболи, член на Управниот одбор на ПроКредит Холдинг и одговорна за бизнис развој, објасни: „Сакаме да создадеме простори каде што нашите клиенти, колеги и партнери можат да се поврзат, да споделуваат знаење и да пронајдат можности. ProConnect ни помага да го правиме токму тоа, паметно и флексибилно низ целиот регион. “

    Потребни се помалку од пет минути за бизнисите да се приклучат и да станат корисници на платформата. Откако компаниите ќе бидат верификувани од страна на банката, тие добиваат пристап до ProConnect каде можат да пронајдат потенцијални заинтересирани страни, како на пример купувачи, добавувачи, инвестициски партнери или дури и ментори. Преку организација на онлајн состаноци, бизнисите можат да ги претстават и своите производи и услуги.

    Дознајте повеќе за ProConnect на следниот линк.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично