ПОВЕЌЕ

    Проектиран годишен план за деловната 2022 година на Групацијата Реплек

    Време зa читање: 2 минути

    Согласно Годишниот план за работење на Групацијата РЕПЛЕК, врз основа на планот за продажба и склучените договори со домашните и странските купувачи, проектирано е зголемување на консолидираниот прометот за деловната 2022 година за 19% во однос на 2021 година, со следната структура:

    Во консолидираниот план за продажба е вклучен планираниот промет на друштвата Реплек АД Скопје, Реплек Фарм ДООЕЛ Скопје и Реплек Маркет ДООЕЛ Скопје.

    Групацијата во своето работење е организирана со следните деловни сегменти: Фармација – продажба на лекови и лековити средства и трговија на разни стоки и угостителски услуги.

    Во деловниот сегмент Фармација односно продажба на лекови и лековити средства, со најголемо учество во прометот на Групацијата, се проектира зголемен промет за 21% во однос на 2021 година.

    Планираната продажба од трговија на разни стоки и угостителски услуги предвидува зголемување од 5% во однос на 2021 година.

    Очекуваните отстапувања од планираниот промет за 2022 година се во опсег од +/- 5%.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично