ПОВЕЌЕ

    Продолжување на стратешкото партнерство меѓу Флекс Кредит и СОС Детско село

    Време зa читање: 2 минути

    Убаво е кога партнерствата продолжуваат и растат!

    Овој месец во просториите на СОС Детско село претставниците од Флекс Кредит и претставниците од СОС Детско село потпишаа нов договор за стратешко партнерство.

    Генералната директорка na Flex Credit  Јоана Спасовска, изјави дека се горди како компанија што и втора година по ред ја поддржуваат најранливата категорија, децата без родители и родителска грижа.

    Флекс Кредит, како општествено одговорна компанија веќе втора година преку финансиска донација и преку различни активности гo поддржува СОС Детско село во реализација на нивната мисија. Изминатата година имавме можност да организираме забавни активности со нашите вработени, нивните деца и дечињата од СОС Детско село; многу дружба, смеа и подароци. Воедно станавме и дел од проектот ЗА МЛАДИТЕ – проект за зајакнување на вработливост на младите од социјален ризик на начин што нашите вработени реализираа обуки за младите поддржани од СОС Детско село. До крајот на годината ќе опремиме и една соба во младинските куќи која ќе служи за релаксација и забава на младите кои престојуваат таму. Веруваме во нашиот партнер и сме посветени да ја поддржуваме нивната работа и во наредните години.”

    Претставникот на организацијата СОС Детско село ја поздрави одлуката на менаџментот на ФлексКредит:

    Навистина сме горди и среќни што ја продолжуваме соработката со Флекс Кредит. Тоа ни дава до знаење дека постојат компании кои можат и се трудат да помогнат на повеќе нивоа, на различни начини. Посебно не радува фактот дека Флекс Кредит ја препозна нашата работа и не гледа како долгорочен партнер. Тоа многу значи за нашиот пат кон само-оддржливост – истакна Силвија Брајовиќ – директор на секторот за собирање средства и комуникации на СОС Детско село.

    ПР Објава

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично