Продажните цени на производителите на индустриски производи во мај се повисоки за 0,7 проценти. На годишно ниво се зголемени за 0,2 насто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Раст на продажните цени во мај, а во однос на април е забележан во секторите рударство и вадење на камен за 7,9 %, преработувачка индустрија за 0,4 % и во снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,3 %. Нивото на цените не е променето единствено во снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината.
Гледнано на годишна основа, продажните цени на производителите на индустриски производи се пониски во секторот преработувачка индустрија за 0,3 %. Повисоки се во секторите рударство и вадење на камен за 11,4 %, во снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,0 % и во снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината за 1,6 %.