ПОВЕЌЕ

    Продажните цени на индустриските производи годишно намалени за 1,5 отсто

    Време зa читање: 2 минути

    Продажните цени на производителите на индустриски производи на месечно ниво се повисоки за 0,5 насто, додека на годишна основа се пониски за 1,5 отсто, наведено е во последната информација од Државниот завод за статистика, во која се застапени податоците од март.

    Месечно намалување од 0,1 отсто има кај продажните цени во секторот рударство и вадење на камен. Зголемување од 0,3 насто е забележано во преработувачката индустрија, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 5,6 проценти. Ценовни промени  во март, а споредено со февруари, единствено нема во секторот снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината.

    Статистиката вели дека во март, во однос на истиот месец лани, продажните цени на производителите на индустриски производи се пониски во секторот рударство и вадење на камен за 8,4 проценти. Повисоки се за 1,3 насто во преработувачката индустрија, во снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,1 и во снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината – за 1,6 проценти.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично