ПОВЕЌЕ

    Илон Маск: Продажбата на автомобили Tesla порасна за 71 отсто минатата година

    Време зa читање: 2 минути

    Продажбата на возилата на Tesla ќе се зголеми за повеќе од 50 отсто во 2022 година во споредба со минатата година, и покрај проблемите во синџирот на снабдување, изјави извршниот директор на компанијата Илон Маск. Американскиот производител на електрични автомобили објави рекорден профит од 5,5 милијарди долари минатата година.

    Продажбата се зголеми за 71 отсто на 53,8 милијарди долари во 2021 година, а на клиентите им беа испорачани повеќе од 936.000 возила, јавува Би-Би-Си. Компанијата предупреди дека растот ќе забави, бидејќи проблемите со синџирот на снабдување кои влијаат на производството на автомобили продолжуваат да го ограничуваат нејзиниот производствен капацитет.

    Маск рече дека 2021 година е „тестна година за Тесла и воопшто за електричните возила“. Тој посочи дека компанијата, како и сите други, се борела со предизвици во синџирот на снабдување, но дека и покрај тоа лани го зголемила производството за речиси 90 проценти. Компанијата изјави дека синџирот на снабдување е „главниот ограничувачки фактор“ на растот и дека најверојатно ќе продолжи во 2022 година.

    Производителите на автомобили ширум светот се борат со недостигот на микрочипови, меѓу другите проблеми во синџирот на производство и снабдување, иако се смета дека Tesla работи подобро од повеќето. Tesla користи чипови кои се помалку ретки и брзо читаат софтвер, додека конкурентите го забавуваат производството.

    Американската компанија, која започна со производство на електрични автомобили во Калифорнија, сега има фабрики во Кина и Тексас, додека во Берлин се гради уште една. Исто така, компанијата планира годинава да отвори две фабрики за микрочипови и други делови, како и нови батерии. Маск изјави дека Tesla размислува да отвори повеќе фабрики во иднина, пренесува Biznis.rs.

    Аналитичарите велат дека Tesla би можел да произведе до 20 отсто повеќе возила во последниот квартал од 2021 година доколку немало проблеми со снабдувањето. Тие оценуваат и дека зголемената испорака во комбинација со „импресивната заработка“ на компанијата е показател за силен раст на побарувачката за електрични автомобили.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично