ПОВЕЌЕ

    Иако продажбата на мало во САД се зголеми, во Америка владее негативна деловна клима

    Време зa читање: < 1 минутa

    Иако продажбата на мало во САД се зголеми повеќе од очекуваното во јуни, повторното појавување на нови случаи на КОВИД-19, предизвика негативна деловна клима, со околу 32 милиони Американци кои бараат бенефиции поради невработеност.

    Индексите на недвижности и технологија паднаа за повеќе од 1%. Самиот факт што Твитер беше нападнат, не придонесе за подобрување на климата.

    Акцијата на „Американ ерлајнс“ опадна за 7%, откако испрати 25.000 известувања за потенцијално загрозени места на работниците и предупреди дека побарувачката за воздушно патување повторно забавува.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично