ПОВЕЌЕ

    Најдобри начини за продавање на вашите услуги

    Време зa читање: 2 минути

    Навистина е лесно да се продаде материјален предмет затоа што можете да им покажете на луѓето за што станува збор и за што се работи. Но, што се случува со продавањето на услуги? Кој е најдобриот начин за тоа? Треба да се фокусирате на 3 работи:

    Опишете ги карактеристиките. Луѓето купуваат одредена услуга. Ако само кажете, купете го ова, но не ги дефинирате карактеристиките и зошто вашата услуга е подобра од услугите на конкуренцијата, продавањето на вашата услуга ќе биде голем предизвик. 

    Опишете ги исходите. Луѓето сакаат да знаат што ќе добијат. Покажете им статистика од вашите претходни клиенти. Речете, еве ја мојата стапка на конверзија по еден посетител. Еве ја мојата профитна маргина и еве што ќе направам за вашиот бизнис. Тоа е пример за исход. И кога ќе станете многу специфични, ќе откриете дека е полесно да допрете до потенцијалниот потрошувач. 

    Опишете ја вредноста. Ако со користење на вашата услуга потрошувачот ќе заштеди повеќе време или ќе заработи повеќе пари, или ќе реши одреден проблем, тогаш вашата услуга креира вистинска вредност. Битно е во секој момент да бидете свесни, какво прашање имаат вашите корисници, и со тоа, каква вредност можете да обезбедите за нив. 

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично