ПОВЕЌЕ

    Не продавајте само производи. Продавајте потреби.

    Време зa читање: 2 минути

    Секоја година, на пазарот се лансираат околу 30,000 нови производи за широка потрошувачка, а 90% од нив не успеваат да се пласираат на пазарот односно се покажуваат како неуспешни.

    Клучна причина е тоа што починатиот професор на Харвард, Теодор Левит, ова го нарече маркетинг миопија. Голем дел од производителите и продавачите на производи не можат да ја согледаат целосната слика за тоа што навистина сакаат потрошувачите. Како што им кажувал на своите студенти, луѓето не сакаат да купат бушалица, туку сакаат да купат дупка. Најуспешните компании за нафта и гас се оние кои се гледаат себеси како даватели на енергија. Но, тие сè уште посветуваат поголем дел од своите ресурси на нафтата.

    Доколку не успеат да развијат алтернативни горива, можно е да останат како компании без индустрија. Многу други ја направија и продолжуваат да ја прават истата грешка. Организациите вложуваат толку многу време, енергија и пари во она што тие го прават само за да бидат слепи за тоа што ќе донесе иднината. За да се избегне тоа, лидерите треба да се запрашаат, во кој бизнис навистина се наоѓаме? Тие треба да разберат дека целта не е да се продаваат работи, туку да се задоволат клиентите и да се прифати фактот дека повеќето постојни производи и услуги можат и ќе бидат заменети со конкурентни алтернативи. Тоа е лек за маркетинг миопија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично