ПОВЕЌЕ

    ПРОКРЕДИТ БАНКА И КОМПАНИЈАТА КОРО ЗАЕДНО ЗА РАЗВОЈ НА ОРГАНСКОТО ПРОИЗВОДТСВО НА ЧАЕВИ

    Време зa читање: 2 минути

    Дали знаете дека чаевите на КОРО се македонски производ со органски билки набрани од прекрасните планини во земјата?

    Компанијата КОРО која веќе 28 години успешно работи на македонскиот пазар е специјализирана за развој, производство и пласман на брендот КОРО чаеви. Со своето работење и специјализација за селекција и производство на чаеви и зачини од најквалитетните органски билки оваа компанија е одличен амбасадор на нашата татковина во повеќе европски и прекуокеански земји каде овие производи може да се најдат во локалните маркети и се особено ценети од потрошувачите поради нивниот врвен квалитет. Тие се пример за компанија која придонесува за развој на домашната економија, зголемување на вработеноста и проширување на квалитетните македонски производи на странски пазари.

    ПроКредит Банка го препознава потенцијалот на оваа компанија и преку комплетна понуда на сет услуги за финансирање и тековно банкарско работење им овозможува непрекинато спроведување на својата дејност во земјата и странство.

    “Горди сме за успешноста на нашата команија и продолжуваме да пласираме нови производи, чаеви и зачини со висок квалитет и понатаму. Континуирано ги следиме случувањата на пазарот и се прилагодуваме на барањата на потрошувачите. Поддршката од страна на ПроКредит Банка е дополнување на визијата која ја имаме за оваа компанија и ни помага за остварување на сите тековни предизвици и развојни планови за во иднина. Благодарни сме на ПроКредит Банка за нивниот професионален пристап кон секое наше барање, комплетно разбирање на бизнис моделот на компанијата и можноста да користиме дигитални банкарски платформи за сите наши потреби 24/7.”  – изјавија раководните лица на компанијата Коро.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично