ПОВЕЌЕ

    ПРИРЕДУВАЛЕ ИГРИ НА СРЕЌА И СИ ПОИГРАЛЕ СО ЛИЦЕНЦИТЕ – Две друштва не платиле ни денар од давачките

    Време зa читање: 2 минути

    Две друштва за организирање игри на среќа ќе добијат катанец од државата, затоа што не ги исполнувале обврските и не ги плаќале давачките. Барањето за одземање на дозволите за работа го иницира Министерството за финансии, соопшти министерката Гордана Димитриеска-Кочоска. Пропуст во случајов се лоцира и кај Управата за јавни приходи, затоа што од Финансии во неколку наврати регирале, но повратен одговор немало, се до поставувањето на новото раководство.

    Министерството за финансии иницираше постапка до Владата за одземање на лиценца за приредување на игри на среќа за две друштва, бидејќи не се исполнети условите од издадените лиценци, изјави Димитриеска–Кочоска, дополнувајќи дека имињата засега не можат да се објават. Сепак, наведе дека едно од друштвата, иако е формирано во 2022 година, досега нема уплатено ниту денар.

    „Кај двете друштва е констатирано дека не ги почитувале законските обврски што се однесуваат на поседување лиценца, односно не се платени давачките согласно Законот за приредување на игри на среќа и согласно Законот за данок на личен доход. Меѓу нив се посебните давачки како и данок на личен доход од исплатени добивки на игри на среќа. Министерството за финансии ја иницираше постапката откако од Управата за јавни приходи се доби известување за извршената надворешна контрола над овие друштва, а Министерството за финансии во неколку наврати уште минатата година имаше поднесено барање за контроли, но дури сега, кога имаме нова директорка, добивме одговор“, наведе министерката.

    Врз база на документацијата од УЈП констатирано дека за едно од друштвата не се платени давачките од јули 2022 година. Па затоа, за случајот со двете друштва се известени Финансиската полиција и МВР, кои ќе ги утврдат штетите што и се предизвикани на државата. Како што вели Димитриеска-Кочоска, поднесени се барања за контрола на сите друштва на игри на среќа, како и за тие кои тоа го прават на интернет.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично