ПОВЕЌЕ

    Приоритетите на „Алкалоид“: Грижа за вработените и стабилност на компанијата

    Време зa читање: 2 минути

    „Алкалоид“ имун на кризата: Растат извозот, продажбата, вработувањата

    Скопски „Алкалоид“, согласно годинешниот бизнис-план, треба да инвестира околу 11 отсто од консолидираните приходи од продажбите во материјални и во нематеријални средства. Предвиден е и десетпроцентен раст кај консолидираните продажби, но и зголемување од седум насто на консолидираниот профит пред оданочување, а во однос на изминатата 2022 година.

    Од компанијата посочуваат дека бизнис-планот е заснован врз очекувањата, проекциите и можностите на тековните и на новите пазари и производи. Секако, постои и доза на резерва, поради непредвидливоста на настаните и околностите.

    Меѓутоа, треба да се нагласи дека „Алкалоид“ успешно се справи со бројните предизвици и ризици со кои изобилуваше изминатиот период, произлезени од Ковид-пандемијата и од енергетската и економската криза. Во проекциите се земаат предвид претходните искуства – растот на цените на голем дел од влезните суровини и материјали, на енергенсите, како и зголемувањето на цените на транспортот на глобално ниво, при што значително се пролонгирале роковите за испорака. Бидејќи сето тоа се одразува врз инфлаторните движења, од компанијата сметаат дека тој тренд ќе биде уште понагласен во периодот што следи.

    Оттаму и приоритетите на „Алкалоид“ – грижата за здравјето на вработените,  одржување на тековната ликвидност, на финансиската стабилност и остварување на планираните и зацртани цели.

    ЧИТАЈТЕ УШТЕ: Алкалоид распределува зголемена дивиденда за 11,36 проценти

    Дивиденда повисока за 11,36 насто ќе им исплати скопски Алкалоид на своите акционери. Парите од добивката остварена во текот на минатогодишното работење ќе бидат исплатени на 17 мај. Тогаш акционерите во готово ќе го добијат износот што ќе биде префрлен на нивните трансакциски сметки.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично