Дознаките од странство, кои, како што на прес конференција укажа гувернерката на Народната банка, Анита Ангелоска Бежоска, претставуваат значаен извор на девизни приливи во нашата економија и во просек во преткризниот период изнесувале околу 15 проценти од БДП. Минатата година имало пад за 24 проценти, а годинава се очекува постепено стабилизирање, но не и враќање на нивото пред кризата.
Согласно со нашите очекувања, но и очекувањата на меѓународните финасиски институции во глобални рамки, нагласи Ангеловска Бежовска, дојде до пад односно забавување на приватните трансфери во услови на пандемијата.
-Секако тоа се случи и кај нас. Минатата година забележавме пад од околу 24 проценти на дознаките од нашите иселеници, а главните причини може да се лоцираат во два пункта – прво пандемијата која секако ги погодува синхронизирано сите економии, пазарите на труд, го намалува и расположливиот доход на нашите иселеници и оттаму можноста и капацитетот испраќање на дознаки и второ рестрикциите во делот на мобилноста, што е всушност видливо кога ќе се погледне самата структура приливите по основ на дознаките. За оваа година по падот имаме постепено стабилизирање на износот на дознаките, но и не очекуваме дека тие оваа година ќе се вратат на преткризното ниво, рече гувернерката одговарајќи на новинарското прашање од Pari.com.mk.