На Малта се одржува Глобална работилница за напредок на регистрите на вистински сопственици ширум светот. На овој значаен настан учествуваат претставници на македонскиот Централен регистар, предводени од директорката Анита Стамнова.
Овој настан, кој ги собра клучните засегнати страни и членови од деловните регистри од целиот свет е наменет за справување со предизвиците и напредокот во транспарентноста на регистрите за вистински сопственици и усогласување на релевантните директиви.
„Претставник на Владата на Обединетото Кралство, независни консултанти, експерти од областа на информатичка технологија, челници на релевантни институции се само дел од тимот кој работи во насока на унапредување на регистрите за транспарентност на вистинската сопственост, оценување на ревидираните стандарди од страна на MONEYVAL, Financial Action Task Force (FATF) како глобално набљудувачко тело за перење пари и финансирање тероризам“, информираат од Централниот регистар.