ПОВЕЌЕ

    Претседателката на КХВ Алити на ,,ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР НА КАПИТАЛ“

    Време зa читање: 2 минути

    ,Не делат само неколку месеци од веројатно најдлабоката законска реформа на македонскиот пазар на капитал, со имплементацијата на MiFID II.  Нацртот го доставивме на јавна расправа и моментално ги разгледуваме коментарите и предлозите дадени од засегнатите страни. Клучно е промените да профункционираат, бидејќи се стремиме нашиот пазар да е поинтегриран, потранспарентен, поефикасен, поатрактивен и побезбеден за инвестирање,, рече Претседателот на Комисијата за хартии од вредност М-р Нора Алити пред хрватските инвеститори и финансиски посредници кои дојдоа во Скопје детално да се запознаат со македонскиот пазар, за  да си го  олеснат пристап до него. Можам да Ве уверам  продолжи  Претседателката Алити  дека нашиот таргет е да ја постигнеме правилната рамнотежа помеѓу заштитата и развојот, отстранувајќи ги сите сложености кои што не одат во прилог на тоа.

    Настанот  ,,Денови на македонскиот пазар на капитал“ кој се  одржа вчера на 3 мај, 2023 година  на едно место ги собра претставниците на хрватските и македонските брокери и банки, инвестициски и пензиски фондови, котирани компании, регулатори, депозитари и други пазарни учесници, а беше во организација на Македонска берза и Загребска берза.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично