ПОВЕЌЕ

    ПРЕКУ СТЕЧАЈ ДО ТРИТЕ ЗАОСТАНАТИ ПЛАТИ – Вработените од „Еуроникел“ поднесуваат барање до судот во Кавадарци

    Време зa читање: 2 минути

    Вработени во „Еуроникел индустри” денес ќе поднесат барање за стечај во фабриката. Потегот го најавија пред десетина дена, како единствен начин да дојдат до трите плати, неисплатени за октомври, ноември и декември.

    „Барањето ќе биде поднесено во судот во Кавадарци. Всушност, една прилепска компанија доверител претходно има поднесено вакво барање и ние сега само се приклучуваме кон тоа барање за кое ќе се одлучува на втори февруари. Нашите плати се приоритетни, ние како работници сме доверители од прв ред, вели за МИА претседателот на синдикалната организација во „Еуроникел индустри“, Миле Ѓорѓиев.

    Вработените очекуваат дека по стечајот ќе се најде купувач на имотот од банката доверител што сега го има во сопственост имотот, за повторно фабриката да се рестартира.

    „Инвеститорот нема врска со стечајот. Инвеститорот работи на купување на делот од банката што е ставен под хипотека, имотот, а компанијата ‘Еуроникел’ оди под стечај. Ќе се отвори нова компанија и ќе продолжи да стопанисува со комбинатот. Според информациите што ги добивме, финални разговори имало со турски инвеститор и се надеваме дека ќе се постигне договор, нагласи Герасов.

    Во изминатиот период вработените протестираа во неколку наврати, незадоволни од состојбата во која западна комбинатот. Особено што од гигантот, попознат како „Фени“, директно егзистираат околу 800 семејства, а индиректно многу повеќе.

    Засега,само стотина лица се работно ангажирани, ја одржуваат печката во топла состојба.

    Пред извесно време, како еден од најсериозните заинтересирани инвеститори со кои се преговара, во медиумите се спомена турската компанија „Јилдирим“, која има распространети бизнис активности, а на овие простори, присутна е на Косово.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично