Финтек секторот по себе носи големи иновации и дигитализација на процесите во функција на нудење на поголем број на опции на граѓаните, комфор и брзина при купувањето.
Кога станува збор за револуционерни модели базирани на иновации, компанијата Иуте Македонија го има воведено уникатниот модел на плаќање “Buy now, pay later”, кој доживеа вистински бум кај потрошувачите.
Во рамки на овој модел овозможено е купување преку скенирање на QR код, и тоа и на продажните места и онлајн, што е навистина уникатна карактеристика на пазарот, како и бенефиција за потрошувачите.
Станува збор за многу поефикасна и покомфорна алтернатива на кредитните картички, каде што производот или услугата можат да се купат со едноставно скенирање и распределба на месечните рати и износи онака како што на купувачот му одговара, пришто постои опција за одложување на првата рата. На пример, Iute Smart 0% е начин на плаќање за кој купувачот нема никаков трошок. Доколку тој се одлучи за производ кој чини 4.000 МКД на 4 рати, тогаш враќа 4×1.000 МКД. Првата рата е еден месец по одобрувњето. Доколку пак сака да отплаќа на подолг период со ниска месечна провизија и отплата до 36 рати, изборот е Iute Flexi
“Нашата идеjа и задача е да им го вратиме времето на луѓето, за да може да вршат трансакции без напуштање на домот и купување во продавница за само неколку минути, пришто целиот процес е достапен и овозможен преку апликацијата Myiute. Моделот е веќе имплементиран кај 650 трговци и над 850 продажни локации.“-велат од Иуте.
Како да платите со QR код!
- Пронајдете го посакуваниот производ во една од партнерските продавници;
- Побарајте го на касата означеното место за скенирање QR код;
- Отворете ја Myiute, притиснете на копчето Скенирај QR код;
- Внесете ја цената на производот кој го купувате и притиснете Продолжи.
5 причини зошто овој модел е идеален за секој потрошувач:
- Можност за флексибилен начин за плаќање на рати, пришто износот и периодот на отплатата го бирате вие, зависно од вашиот месечен буџет и други потреби;
- Транспарентен приказ на месечните износи кои треба да се вратат;
- Производот и услугата ги земате веднаш, а со плаќање започнувате од следниот месец;
- Опцијата за купување со скенирање на код го скратува времето и севкупниот процес;
- Дигитално одобрување на услугата во моментот на купувањето и дигитално потпишување на договор – брзо, едноставно, практично и без хартиени пари.
Процесот на индентификација и верификација за клиентите кои првпат ќе ја симнат апликацијата Myiute е едноставен и целосно безбеден, преку регистрирана безбедносна шема во партнерство со Евротраст.
Во Иуте во моментов е активна кампања garden week, одлична можност за купувачите во пресрет на убавото време да си ја разубават својата градина, двор или балкон, со плаќање на рати и дополнителен попуст од 1000 ден.
ПР Објава