Што е Masterclass? Каков вид на платформа е? Како е лансирана? Што е интенцијата на постоењето на Masterclass? Во шестата епизода на поткастот New Biz, Наташа Велковска побара одговори на овие прашања од Иван Ивановски, претприемач и инвестициски консултант.
Неговата визија е преку хеџ-фонд и Masterlcass да ги едуцира македонските граѓани и да им помогне на македонските инвеститори да остварат поголем профит, но и дека компаниите мора да инвестираат во вештачка интелигенција ако сакаат да бидат лидери во своите индустрии.
„Masterclass.mk е едукативна платформа создадена за пренесување знаење и вештини. Посветив многу време и енергија во инвестирањето и како да се инвестира, и почуствував потреба дека треба тоа да го споделам и со останатите. И ме прави среќен моментот кога ќе слушнам дека на некој сум му го променил животот, начинот на размислување, дека сега со финансиите им е одлично, дека претходно живееле месец за месец и тоа чувство е незаменливо. И затоа сметав дека е подобро да се сподели знаењето на друг“, укажува Ивановски.
Тој вели дека на самиот курс има и снимени видеа и сесии во живо еднаш во неделата, додавајќи дека моментално се шест луѓе во тимот, па двајца од нив имаат по една сесија во живо, едниот е техничка анализа, другиот е фундаментална анализа.
„Јас еднаш во неделата правам анализа од претходната недела што се има случено и што очекувам на пример во следната недела и директно дискутираме за моментални настани за да им бидат појасно како некој настан се рефлектира на берзата“, објаснува Ивановски.
Тој нагласува дека сѐ уште може да го изненадат со некое прашање на курсот, нешто што не го очекувал.
„Точно е дека може да ми биде поставено некое прашање што не сум го очекувал, бидејќи јас немам пристап дека сѐ знам и дека јас сум најпаметен. Секогаш гледам да се опкружувам во средина со попаметни. На курсот има многу попаметни луѓе од мене, зависи во која дејност, има многу паметни математичари, па без проблем ќе направат некоја анализа, има некои одредени сегменти во инвестирање коишто ги имаат веќе поминато и ги знаат многу подобро од мене, дали фундаментална анализа, дали техничка анализа, се имаат насочено во тие делови и веќе тие луѓе знаат многу повеќе од мене. Јас тоа го велам и на курсот, дека нема глупави прашање, и секој да се опушти да постави прашање какво што сака. И не се поставувам така како да сум над нив, како професор, туку баш најпријателски им давам совети од секојдневие, некои едноставни работи што се случуваат. Не користам некои економски, финансиски, високи термини за да изгледа тоа комплицирано, туку пробувам со едноставни примери тоа да го направам“, укажува Ивановски.
На прашањата за тоа каков е неговиот став во однос на експанзијата на вештачка интелигенција, постојаните промени во нови технологии, како се рефлектираат на финансискиот сектор и на бизнисите коишто се на берза, тој вели дека вештачката интелигенција е иднината.
„Компаниите коишто инвестираат во АИ ќе бидат лидери во нивните сектори. Тие што нема да одат со тоа темпо и нема да инвестираат во вештачката интелигенција, ќе бидат прегазени. Тука е иднината, гледаме веќе reel world AI промени на одредени работи, дали со робо-такси, дали со роботи, дали ChatGPT и слично, гледаме каква експанзија се прави колку порано почнат и сфатат компаниите дека тоа е иднината, толку подобро за нив. Ќе се случи голема револуција, ќе се случaт многу промени“, упатува Ивановски.
Тој вели дека и криптовалутите се иднината, додавајќи дека Америка ќе создава државни резерви од криптовалути, а кај нас уште го третираат како превара.
„Мислам дека секоја држава ако сака да помогне на својот народ треба секогаш нови технологии, нови работи да им овозможува на луѓето. Само така ќе направиме појака финансиска писмена нација, така ќе овозможиме некој да профитира, а не со некои стриктни регулативи“, истакнува Ивановски.
Тој моментално работи на отворање на хеџ – фонд, но главната цел вели дека ќе му биде што е можно повеќе да ги едуцира македонските граѓани и што е можно повеќе профит да донесе на македонските инвеститори.
„Јас не сум некој што може да гарантира сигурен приход, знаеме како берзата функционира, секогаш им кажувам мора да внимаваат дека има и лоши периоди и моменти кога акциите паѓаат, и дека ништо не е сигурно. Но гледаме во западните земји како се развиваат и како инвестирањето фунционира. Значи во наредните пет години, јас ќе работам на зголемување на финансиската писменост и да можам да го максимизирам профитот на македонските инвеститори со помош на градење на хеџ – фондот и преку мастер класот со едуцирање на луѓето коишто сакаат сами да инвестираат“, раскажува Ивановски.
Целата епизода и слични на оваа се достапни на New Biz Podcas