ПОВЕЌЕ

    ПРЕГОВОРИТЕ ЗА УКИНУВАЊЕ НА РОАМИНГ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН стартуваат утре во Брисел

    Време зa читање: 2 минути

    Генералниот секретаријат на Советот на Европската Унија (ЕУ) закажа состанок на Работната група за проширување и пристапни земји за утре во Брисел, каде што ќе се дискутира предлогот на Европската комисија за укинување на дополнителните роаминг трошоци за Западен Балкан, односно продолжување на режимот на роаминг „Roam Like at Home“.

    Според програмата објавена на веб-страницата на Советот на ЕУ, на состанокот ќе се дискутира предлогот на Комисијата Европската Унија да започне преговори со Западен Балкан за договори за роаминг.

    Доколку преговорите бидат успешно завршени, граѓаните на Македонија и на целиот Западен Балкан ќе можат да се јавуваат, да испраќаат СМС-пораки и да користат мобилни податоци во Европа по цени како дома, додека граѓаните на ЕУ ќе имаат исти бенефиции кога патуваат во Западен Балкан.

    Предлогот не значи автоматско вклучување на Западен Балкан во програмата „Roam Like at Home“, туку подразбира дека Европската Унија ќе склучи билатерален договор со секој партнер од Западен Балкан, а од нив ќе се очекува да ги почитуваат стандардите на политиката за роаминг на ЕУ.

    Договорот, исто така, гарантира дека потрошувачите имаат право на ист квалитет и брзина на мобилни мрежи како дома и дека контактирањето со службите за итни случаи е бесплатно.

    Придобивките од мобилен роаминг во Европската Унија претходно беа проширени на Молдавија и Украина во јули 2025 година.

    Европската Унија првично воведе режим „Роаминг како дома“ за своите земји-членки во јуни 2017 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично