ПОВЕЌЕ

    Предновогодишно подарени 4.488 акции

    Време зa читање: 2 минути

    Во последната годинешна работна седмица се подарени 4.488 акции. Сите се обични, а издадени се од 11 компании и една банка. Најголемата активност во минатонеделните нетрговски трансфери е забележана во вторникот, со вкупно 2.284 акции на осум друштва.

    Хартиите од вредност на „Гранит“ се најбројни во статистиката на Централниот депозитар за хартии од вредност – 1.596. Трансферирани се на двапати, прво 1.159, па во текот на последниот работен ден уште 437 обични акции.

    Речиси секоја седмица се трансферираат акции на „Либерти, овојпат 860. Меѓу редовните се и „Макстил“, сега со 594, „АрцелорМиттал (ХРМ)“ со 516 и РЖ „Услуги“ со 218 обични акции.

    Подарени или наследени се и и 194 акции на „Алкалоид“. И 106 на кумановската ФЗЦ „11 Октомври“.

    Податоците објавени на Македонска берза покажуваат дека минатата недела е извршен нетрговски пренос на 28 акции од „Уготур“ АД Скопје. Исто како и на 27 акции од РЖ „Интер-Трансшпед“ и 26 на РЖ „Економика“. Евидентирани се и 21 обична акција на „Пелистерка“.

    Во статистиката, единствени банкарски се акциите на Комерцијална банка. Нетрговските преноси се реализирани во три наврати со бројна состојба – 37, 15 и 250, или вкупно 302 обични акции.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично