ПОВЕЌЕ

    Предлог-буџетот 2026 влегува во завршница – Денес почнува 73. пленарна седница

    Време зa читање: 2 минути

    Шест милијарди евра приходи, 6,7 милијарди евра расходи. Средствата за трошење се повисоки за 2,6 насто или за 169,1 милион евра во споредба со годинава. За пензионерите ќе има повеќе пари, исто како и за плати на администрацијата. За надоместоци за социјална заштита се обезбедени над 195 милио и евра… Предлог-буџетот за 2026 година влегува во завршната фаза. Дополнет со претходно усвоените дваесеттина, од поднесените 200 амандмани во рамките на расправата што се одвиваше во матичната Комисија за финансирање и буџет. Денеска почнува 73. седница на Собранието, а најзначајниот финансиски докумет треба да се усвои до крајот на месецов.

    Предвидено е проекциите да се реализираат во услови на: реален раст на БДП од 3,8 насто, инфлација од околу 2,5 насто, зголемена приватна потрошувачка за 2,6 и јавната од 1,4 насто. Зацртан е и дефицит од 638 милиони евра, што треба да зафаќа  3,5 проценти од планираниот БДП.

    Главен двигател на растот би требало да биде токму домашната побарувачка, поддржана од зголемување на инвестициите за 8,4 насто, особено во инфраструктурни проекти како што се коридорите 8 и 10-д, железничкиот транспорт, енергетиката и земјоделството. Владата очекува значителен придонес и од домашните и странските инвеститори преку нови капацитети во технолошко-индустриските зони.

    Буџетот за 2026 година власта го дефинира како консолидиран и реален, со фокус на фискалната дисциплина, транспарентноста и ефикасното трошење на јавните пари. Владата најави строга контрола при преземањето нови обврски, рационално користење на средствата и дигитализација на процесите за подобри јавни услуги. Целта е да се постигне одржлив економски развој и подобрување на животниот стандард.

    Според мислењето на Фискалниот совет, буџетот за идната година е конзервативен, со притисок од сивата економија. Конкретно, сметаат дека е поставен реално и претставува чекор кон фискална консолидација. Но, забележаа дека предвидениот раст на приходите е премногу скромен и не дава сигнали дека сивата економија конечно ќе почне да се намалува. Оттаму и предупредувањето дека без поголема дисциплина и поефикасна наплата на давачките, државата ќе продолжи да работи со ограничен фискален простор, кој одамна е речиси потрошен.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично