ИКЕА го повлекува USB полначот ÅSKSTORM 40W поради ризик од термички изгореници и електричен удар и ги повикува сите клиенти да престанат да го користат производот и да контактираат со ИКЕА за целосно враќање на парите. Станува збор за ÅSKSTORM 40W USB темно сив полнач, број на производ 504.611.93.
„Безбедноста е највисок приоритет на ИКЕА и затоа го повлекуваме USB полначот ÅSKSTORM 40W во темно сива боја поради ризик од термички изгореници и електричен удар предизвикани од изнемоштени кабли за напојување. ИКЕА ги развива своите производи со ригорозна програма за проценка на ризик и тестирање за да се осигура дека производите ќе ги исполнуваат сите важечки закони и норми на пазарите на кои се продаваат. Сепак, дознавме дека кабелот за напојување на темно сивиот USB полнач ÅSKSTORM 40W може да се оштети или скрши од обвиткување околу полначот или свиткување напред-назад по подолги периоди на употреба. Оштетениот кабел може да предизвика термички изгореници и електричен удар“, соопштија од компанијата, од каде им се извинија на купувачите за можните непријатности што може да ги предизвика ова повлекување.
Темно сивиот USB полнач ÅSKSTORM 40W може да се препознае со бројот на моделот ICPSW5-40-1, кој е на етикетата на задната страна на USB полначот“, велат од ИКЕА.
УСБ полначот ÅSKSTORM 40W во темно сива боја може да се врати во која било продавница на ИКЕА за целосно враќање на парите. Доказ за купување (фискална потврда) не е потребен.